Хроника

Кривична пријава против седум лица за поседување дрога

16. февруари 2020 - 11:13 | Кајгана

На 16.02.2020 во 02.00 часот, полициски службеници на СВР Скопје на ул. „Бутелска“ го лишиле од слобода М.С.(55) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.02.2020 во 15.20 часот, полициски службеници на СВР Скопје, во реонот на Гази Баба, ја лишиле од слобода Х.Р.(32) од Гостивар, со привремено живеалиште Скопје, затоа што при преглед кај неа била пронајдена прашкаста материја. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.02.2020 во 23.45 часот, полициски службеници на СВР Струмица, на место викано „Бел рај“, атар на с.Миравци, гевгелиско, од слобода ги лишиле С.К.(40) од с.Удово, гевгелиско, С.Д.(39) и М.Р.(38), двајцата од с.Миравци, затоа што при преглед кај С.К. била пронајдена марихуана, а С.Д. и М.Р., поради сомнение за сторено кривично дело по член 216 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 15-годишник од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 14.10.2019 во градинка на зелениот пазар во Куманово, полициски службеници, при преглед на пријавениот, пронашле и одзеле марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.А.(60) од с.Просениково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.09.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во с.Просениково, при што пронашле и одзеле марихуана, хашиш и делови од растение Cannabis.

Коментирај