Кривична пријава против скопјанец поради кражби

Скопје, 29 април 2018 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ј.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела „разбојништво“, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 55.950 денари.

МВР информира дека Д.Ј. првото кривично дело го извршил на 20.01.2018 година околу 07,35 часот, во аптека лоцирана на булеварот „Јане Сандански“ на тој начин што откако влегол во аптеката со закана со пиштол кон вработените, влегол позади работниот пулт каде од касата одзел пари, а потоа и на двете вработени им ги побарал и одзел мобилните телефони, по што го напуштил местото на настанот.

Второто кривично дело го извршил истиот ден околу 19,15 часот на улицата „Христо Татарчев“ во продавница, на идентичен начин како и претходно. Имено, откако дошол и влегол во продавницата и со закана со пиштол кон вработената и наредил да се тргне од пултот, и рекол да влезe во тоалетот. Откако вработената постапила како што и кажал Д.Ј. ја отворил касата, ги одзел парите, и од пултот го одзел и паричникот на оштетената во кој имало лични документи, пари, кредитни картички, здраствени картички и еден мобилен телефон. По извршеното кривично дело, осомничениот го напуштил местото на настанот.

Врз основа на издадена наредба од Основното јавно обвинителство Скопје, од страна на операторите добиени се телефонски листинзи од кои е констатирано дека еден од украдените мобилни телефони го користело лице од с.Грчец. Од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, лицето било повикано на службен разговор во кој истиот појаснил дека мобилниот телефон го купил од лице на Бит Пазар. По преземени мерки, бил утврден идентитетот на лицето од кое биле купени украдените мобилни телефони, и истиот бил повикан на службен разговор, во кој појаснил дека на 21.01.2018 година од Д.Ј. откупил два мобилни телефони.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе