Кривична пријава против три лица за злоупотреба на службената должност

Скопје, 21 јули 2019 (МИА) – СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ј.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на службена должност и овластување“ и против В.Ј.(39) и С.К.(48), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“.

Во 2016, првопријавениот, во својство на управител на правно лице од Скопје, како увозник и сопственик на возило „Форд Ренџер“, за кое знаел дека не ги исполнува пропишаните услови и стандарди, односно не може да се регистрира и управува на територијата на Република Северна Македонија, по извршена царинска постапка и добиена царинска декларација на име на правното лице, со непознато лице договорил изработка на странски договор за купопродажба на возилото со невистинита содржина, преку внесување податоци за лице купувач кој е повратник од странство, како и да поднесе барање до Бирото за метрологија за отворање на постапка за идентификација на возилото, при што тој на непознатото лице му дал примерок од странската фактура, странската сообраќајна дозвола на име државјанин на Холандија и времена странска сообраќајна дозвола на име на лице од Скопје, соопштуваат од МВР.

По ова, се дополнува во соопштението, лицето обезбедило потврда од управните служби во Ресен на име лице од Ресен, во кое е наведено дека е повратник од странство, по што изработил невистинита фактура во која биле внесени невистинити податоци за продавач на возилото како правно лице од Холандија, додека како купувач било лицето од Ресен.

– После тоа, ваквата документација лицето ја доставило во прилог до Бирото за метрологија, кое издало потврда за отворање на постапка за идентификација. Првопријавениот, во име на правното лице од Скопје, ја приложил до правно лице заради спроведување на постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилото, а В.Ј., во својство на вработен како технички испитувач и овластен потписник на документите за одобрување на регистрација за возила, ја спровел постапката за идентификација на возилото, без да ја утврди фактичката состојба и издал согласност за регистрација на возилото. На крај од целата постапка, пријавениот С.К., во својство на референт во Управни работи, издал регистарски таблички и возилото било пуштено во правниот промет и сообраќај на територијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

реклама

Хроника

Горан Михајловски ќе бара отштета од 1 милион денари како жртва на прислушувањето

Read more

Обвинение против тетовец кој двапати физички ја нападнал поранешната сопруга

Read more

Санкционирани 597 граѓани за неносење маска

Read more

Во Кривичен продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“

Read more

Вести

Берлин против нови критериуми за Скопје, ЕУ испраќа помош од 120 милиони евра

Читај повеќе

Се влошува состојбата со COVID-19, можни нови рестриктивни мерки

Читај повеќе

Болсонаро го обвини домородното население за пожарите во Амазонија

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи

Читај повеќе

Шахпаска: Остануваме на ставот дека родителите треба да се вратат на работа

Читај повеќе

Колку училишта ги исполнуваат условите за настава со физичко присуство?

Читај повеќе

Банките предвреме ќе ја исплатат пензијата за септември

Читај повеќе

Театрите и кината ќе работат според Протоколот за организирање настани

Читај повеќе

Студентските и средношколските домови ќе се отворат со намален капацитет, но одбиените ќе добијат надомест

Читај повеќе