Хроника

Кривична пријава против тројца скопјани за злоупотреба на службена положба и овластување

9. декември 2019 - 16:57 | МИА

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото за метрологија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. 

Н.П. изготвил и потпишал потврда за отворање постапка за идентификација, со која на жител од Кичево му потврдил статус „државјани на РСМ кои се враќаат од странство“, а која се однесувала за товарно возило кое не гo исполнувало законски предвидениот ЕУРО стандард, по што внел податоци од негов колега, без негово знаење и согласност.

М.Т., како раководител во Бирото за метрологија, ја потпишал изготвената потврда, без да се увери дека нема потпис од изготвувачот и дека копијата од странската сообраќајна дозвола не била заверена на нотар. И.Т., во својство на помошник раководител во Бирото, нелегалната потврда ја потпишал и ја заверил со службен печат од Бирото за метеорологија.

Коментирај