Кривична пријава против возачот кој со „мерцедес“ усмрти полицаец

Куманово, 25 април 2019 (МИА) – Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 40-годишниот С.Ј од село Пелинце кој со „мерцедес“ удри во полициски службеници, при што еден полицаец почина, еден се здоби со повреди, а потоа удри во друг автомобил, по што беа повредени три лица.

Кумановската полиција ја поднесе пријавата до ОЈО Куманово, поради сомнение дека С.Ј, сторил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Како што се наведува во соопштението на СВР Куманово, тој на 21 април, годинава на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосницата со населбата „Ајдучка Чешма“ со „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки удрил во 37-годишниот полициски службеник В.Ц кој почина на местото и во 25-годишниот кандидат за полициски службеник кој со тешки телесни повреди беше пренесен во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.

С.Ј., избега од местото на настанот, по што на регионалниот пат удрил во „шкода“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 34-годишниот Н.П. Возачот, и сопатникот 42-годишниот Д.Ј се здобиле со тешки телесни повреди, А.Ј (52) со телесни повреди. Д.Ј била пренсена во „Мајка Тереза„, додека останатите во кумановската болница. С.Ј. бил пренесен во кумановската болница.

Од страна на судија на претходна постапка, нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

реклама

Хроника

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more
 

Вести

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе