Кривична пријава за 8 вработени во општина Кратово

Осуммина вработени во општина Кратово добија кривична пријава за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против А.Ј.(64) од Кратово, градежен техничар во одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животна средина и лер при Општина Кратово, Ц.А.(56) од Кратово, раководител на одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животна средина и лер при локална единица општина Кратово, С.К.(58) од Кратово, соработник во одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животна средина и лер при локална единица Општина Кратово, М.Б.(70) од Кратово, поранешен референт за собирање и наплата на даноци и комунални такси при општина Кратово, Д.Ф.К.(35)  од Куманово, соработник за даноци и такси во одделението за финансиски прашања во општина Кратово, М.К.(58) од село Шлегово, Кратово, даночен извршител во одделението за финансиски прашања во општина Кратово, за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување”, и против Р.С.К.(37) од Кратово, раководител на одделение за финансиски прашања во општина Кратово и М.А.(62) од Кратово, поранешен градоначалник на Општина Кратово, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”. 

Во текот на 2008 година прво, второ и третопријавениот, како членови на комисија за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот во Општина Кратово, при проценка на пазарна вредност на недвижен имот на 11 објекти во сопственост или како корисник на неколку фирми од Кратово извршиле проценка на површина помала за 24.877 м2 од фактичката, по што истата ја запишале во  имотните листови на наведените објекти.

По ова, во периодот од 2008 до 2017 година четврто, петто и шестопријавениот, при изготвување на решенија за данок на имот и контрола на проценката на фактичката квадратура, не извршиле соодветна проценка на наведените објекти, додека при пресметката на данокот за истите не ги опфатиле дворните места на наведените објекти, со што изготвиле решенија за данок на имот на наведените правни лица со помал износ. Во наведениот период седмопријавената, не извршила должен надзор врз работата на прво, второ, трето, четврто, петто и шестопријавениот, со што овозможила  да бидат изготвувани решенија за наплата на данок на имот на наведените правни лица во помал износ.

Исто така, во перидот од 2008 до 2017 година, осмопријавениотсо пропуштање на должен надзор, ги потпишувал изготвените решенија за наплата на данок на имот на наведените правни лица, со што овозможил истите да се стекнат со противправна имотна корист од околу 2.453.120 денари на штета на Буџетот на општина Кратово.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе