Кривична пријава за двајца вработени во администрацијата на Град Скопје

Скопје, 15 мај 2019 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.С.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против С.Е.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „компјутерска измама“ и „компјутерски фалсификат“. Од страна на судија од претходна постапка на двајцата пријавени им е изречена мерка – претпазливост.

Како што соопшти МВР, според документираните сознанија од истрагата, пријавените во својство на службени лица вработени во администрацијата на Град Скопје, Ј.С. како помлад референт за архивирање на документација во Одделение за присилна наплата, прием, издавање, заверка на документи за даноци, такси и други надоместоци, а Е.С. како соработник во истото Одделение за стручни работи, во меѓусебен договор ја искористиле својата службена положба со цел стекнување на противправна имотна корист, а на штета на граѓаните – даночни обврзници и на штета на буџетот на Град Скопје и општините во градот Скопје.

Имено, во текот на 2018 и 2019 година, Ј.С. се нудел на граѓаните да им изврши услуга за плаќање на износот на данокот во нивно име, доведувајќи ги во заблуда дека им прави само услуга за да не чекаат на шалтерите во банките каде се врши уплатата. Износот на данокот му го давале во готово, а тој наместо да го уплати целосниот износ, вршел уплата на минимален износ, а останатиот дел од примените парични средства ги присвојувал, односно ги делел со второпријавениот Е.С.

Е.С., бидејќи имал овластување да пристапува во компјутерскиот систем на Град Скопје, каде што се евидентираат уплатите на граѓаните по основ на данок, неовластено и во договор со Ј.С., вршел преправка на износот на уплатениот данок од Ј.С. и врз основа на така преправените податоци во компјутерскиот систем ги доведувал во заблуда службените лица на град Скопје кои биле задолжени за контрола на извршените уплати на данокот и заверка на договорите за промет на недвижност, на наследство или на подарок, во зависност од правниот основ, дека износот на даночниот долг е целосно подмирен. По заверката на договорите од нивна страна второпријавениот повторно неовластено пристапувал во компјутерскиот систем и ја враќал претходната состојба на даночниот долг.

На тој начин пријавените оштетиле вкупно 19 граѓани-даночни обврзници, за вкупен износ од 3.410.366 денари, а за истиот износ го оштетиле буџетот на Град Скопје, како и општините на подрачје на Град Скопје, наведуваат од МВР. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Хроника

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе