Кривична пријава за две лица за убиство на исчезнатиот Пинета Секондо

Скопје, 31 мај 2019 (МИА) – Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава за две лица, осомничени дека го убиле Пинета Секондо, кој на 11 декември минатата година беше пријавен како исчезнат од страна на неговата мајка.

Единица за насилен криминал при СВР Скопје денеска до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM, соопшти вечерва полицијата. Како што се појаснува, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11 декември 2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје.

На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на село Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења. По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се наведените лица, по што е добиена Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица, роднини на првопријавениот. Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис.

На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје, се наведува во соопштението од МВР. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе