Кривична пријава за поранешниот претседател на ФФМ

Скопје, 1 март 2019 (МИА) – Управата за финансиска полиција вчера до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против И.Ѓ., за кој има основано сомневање дека во својство претседател на Фудбалската федерација на Македонија извршил кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. Пријaва е поднесена и за ФФМ.

-И.Ѓ. во својство на претседател на правниот субјект „Фудбалска федерација на Македонија“, во периодот од 1 јануари 2017 до 27 февруари 2018 година, со цел правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист, свесно и со намера во име и за сметка на второпријавната „Фудбалска федерација на Македонија“ прикажал лажни и невистинити податоци во завршната сметка за 2017 година, кои ги поднел на 27 февруари лани до Управата за јавни приходи и Централниот регистар, за што во сметководствената евиденција не извршил отпис на ненаплатените побарувања од купувачите постари од три години, и тоа од ликвидираниот непостоечки правен субјект АД Тобако Скопје износ од 10.639.293 денари, како и од правниот субјект АД Југохром Јегуновце износ од 6.169.832 денари или вкупни побарувања во износ од 16.809.125 денари, соопшти денеска Управата за финансиска полиција.

За да го оствари тоа, посочуваат од Управата, пријавениот И.Ѓ. спротивно на член 9 од Законот за данок на добивка во даночниот биланс не ја зголемил даночната основица во однос на непризнаени расходи за даночни цели, за кој износ не пресметал и не платил данок на добивка, со што второпријавената „Фудбалска федерација на Македонија“ се стекнала со противправна имотна корист од 1.680.912 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на државата. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе