Кривична пријава за седум лица за трговија со дрога

Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка соработка со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, поднесе кривична пријава против А.М.(27) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело“, во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против Р.А.(35) од с. Житоше, прилепско, Г.Х.(42) од Р. Албанија, Ф.П.(29), М.Ѓ.(29), В.М.(34), тројцата од Скопје и П.Ѓ(32) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 16.11.2020, Г.Х. пренел дрога од Р. Албанија на територијата на Р.С. Македонија и во Дебар му ја предал на А.М., кој пак, по претходен договор со П.Ѓ., ја префрлил преку оградата на КПУ „Теферич“ во Струга. Потоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга извршиле претрес во собата каде П.Ѓ. веќе издржува казна затвор поради недозволена трговија со дрога, при што пронашле и одзеле марихуана, семки од растението Cannabis, мобилен телефон и сим картичка, со што П.Ѓ. повторно го врши кривичното дело.

По преземени мерки било утврдено дека Р.А. во ноември од лице од Албанија ја набавил марихуаната, по што во комуникација со А.М. се договорил да ја пренесе преку зелениот појас на државната граница. На 21/22.11.2020 А.М. дрогата ја предал на Ф.П.. Потоа, на 25.11.2020 Р.А. и А.М. ја продале на П.Ѓ. за сума од 3.000 евра.

На 26.11.2020 на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници сопреле возило, управувано од В.М., во кое бил и М.Ѓ. и при преглед на истото била пронајдена марихуана и неколку мобилни телефони. На 26.11.2020 бил  извршен претрес во викенд куќа во с. Моране, сопственост на М.Ѓ., каде биле пронајдени и одземени 1 килограм марихуана и пиштол калибар 8 мм без рамка.

Исто така, на 26.11.2020 полициски службеници извршиле претрес на Р.А. во КПД Прилеп, му бил одземен мобилен телефон и СИМ картичка. Притоа, Р.А. веќе издржува затворска казна од три и пол години за недозволена трговија со дрога, откако при преглед од полициски службеници извршен на 02.12.2019, му биле пронајдени 5 кг марихуана, со што тој, додека ја издржува казната, го повторил кривичното дело. При претрес извршен кај А.М., пак, биле пронајдени и одземени парични средства во износ од 3.000 евра, во различни апоени во денари и евра.    

Од извршеното вештачењето било утврдено дека станува збор за маса од 2,7 килограми марихуана, известија денеска од Министерството за внатрешни работи.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе