Кривична пријава за скопјанец за лажен исказ

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Х.Д(39) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „давање лажен исказ”. Полицијата соопшти дека осомничениот дал исказ дека ја изгубил возачката дозвола, а по негово барање таа му била заменета за германска возачка дозвола.

Како што соопшти полицијата, пријавениот, со намера да ја прикрие вистинската причина за вадење на нова возачка дозвола, во текот на месец октомври 2019 до МВР поднел Барање за издавање на дупликат возачка дозвола, со писмена изјава во прилог на Барањето, во која лично дал лажен исказ дека возачката дозвола му е изгубена, иако бил свесен дека за време на неговиот престој во Германија, неговата возачка дозвола издадена во Република Северна Македонија, по негово лично барање, била заменета за германска возачка дозвола.

Врз основа на таквото Барање, од страна на МВР – Сектор за управно-надзорни работи му била издадена нова дупликат возачка дозвола на име на пријавениот Х.Д., со што постои основано сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело „давање лажен исказ”, предвидено и казниво по чл.367 ст. 3 од Кривичниот законик, соопшти МВР. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе