Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Е.Н.(43) од Штип поради постоење основи на сомнение дека на 11.02.2018 година околу 18.00 часот на ул. „11-ти Октомври‘‘ во Скопје извршила кривично дело “тешка кражба на дрзок начин“.
Додека оштетениот бил во спалната соба, неговата сопруга во кујната, а неговиот малолетен син во дневната соба, Е.Н. влегла во нивниот дом и од масичка во дневната соба одзела еден паричник во кој имало пари, платежни картички и лични документи, по што излегла од станот. Откако синот му кажал на таткото што се случило, тој веднаш излегол и ја стигнал Е.Н., но таа негирала дека нешто земала од неговиот стан.
Оштетениот го пријавил настанот во Полициската станица Центар, каде дал опис на пријавената. Истиот ден пријавената била лишена од слобода и приведена во Полициската станица Центар и со неа бил извршен разговор. Во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање од страна на оштетениот.
Пријавената и претходно била извршител на вакви дела.