Кривична против двајца Црногорци и еден државјанин на Перу за шверц на кокаин

Скопје, 2 декември 2018 (МИА) – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со канцеларијата на ДЕА во Атина (служба за борба против дрога на САД), како и со службите за борба против дрога на Црна Гора и Косово приведе три лица поради недозволена трговија со кокаин и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(61) и А.Ѓ.(24), двајцата од Црна Гора, како и против Ј.Ц.А.Г.(48) од Перу поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што соопшти МВР, во текот на ноември 2018 година М.Ѓ. и А.Ѓ. од лице од Перу набавиле наркотична дрога кокаин за понатамошна продажба. После тоа бил ангажиран Ј.Ц.А.Г. да го пренесе кокаинот од Перу до Република Македонија, а потоа преку Косово до Црна Гора. Кокаинот бил подготвен така што со соодветен процес од прашкаста преминал во течна форма. Потоа различни парчиња облека биле потопени во кокаинот и потоа сместени во куфер, кој му бил даден на Ј.Ц.А.Г. да го донесе во Македонија.

На 30.11.2018 година Ј.Ц.А.Г. пристигнал во Скопје преку аеродромот Скопје и по преземени мерки од полициските службеници бил лишен од слобода. Поради сомнение дека алиштата кои се пронајдени во куферот содржат наркотична дрога кокаин, биле одземени, а исто така одземени се и пари, мобилен телефон и други предмети. Истиот ден од слобода се лишени и М.Ѓ. и А.Ѓ.. Кај нив, исто така, биле пронајдени и одземени пари, мобилни телефони и други предмети.

По извршеното вештачење, на облеката било детектирано присуство на кокаин, а по дополнителен процес на екстракција ќе биде утврдена количината на кокаинот. Судија на претходна постапка на тројцата приведени им одреди мерка притвор во траење од 30 денови.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе