Кривична за фалсификување дозвола за движење за време на „полициски час“

Скопје, 24 септември 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување исправа“, а во врска со кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“, против Х.Р.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против М.Н.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што соопшти МВР, првопријавениот С.М., во својство на неовластено лице во правно лице од Скопје, во кое сопственик и управител е второпријавената Х.Р., инаку брачен другар на првопријавениот, во период на постоење на вонредна состојба, забрана и посебен режим на движење на територијата на целата држава, на третопријавениот М.Н. му овозможил непречено движење на територијата на град Скопје и околните општини.

Тој, иако знаел дека не е овластен во правното лице да издава Дозвола за движење на вработени, со својот потпис и со неовластена употреба на вистинскиот печат од правното лице, заверил и издал Дозвола за движење на вработен, поради вршење на сменска и ноќна работа, а печатот му бил овозможен да го користи од страна на второпријавената.

Третопријавениот се движел на подрачје на град Скопје, при што на 7 јули годинава бил сопрен и контролиран од полициски службеници, а како доказ дека легално се движи и дека поседува дозвола за движење, на увид им ја приложил гореспоменатата дозвола за движење поради вршење на сменска и ноќна работа од 4 јуни.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more
 

Вести

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе