Куманово, 16 октомври 2019 (МИА) – Седумнаестгодишен кумановец по прекинувањето на љубовна врска со 15-годишно девојче, креирал лажен профил на Facebook и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката.
-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(17) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, по прекината љубовна врска со 15- одишна малолетничка, креирал лажен профил на социјалната мрежа Facebook и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката, се наведува во соопштението на СВР Куманово.