Хроника

Кривична за малолетник од беровско поради прикажување порнографски материјал

15. мај 2019 - 16:14 | МИА

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 16-годишник од беровско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на малолетник“.

Во текот на март 2019 година 15-годишно девојче на пријавениот, преку мобилен телефон, му испратило фотографии со експлицитна содржина, по што тој ги прикажал фотографиите на повеќе негови другари.

Коментирај