Кривична за скопјанец осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија

Скопје, 23 април 2019 (МИА) – Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до OЈО Скопје поднесе кривична пријава против И.П. (36) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Пријавениот, според документираните сознанија од истрагата, соопшти денеска МВР, преку неговиот компјутер прибавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис, при што ја зачувал на локалниот диск на компјутерот, со што сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапувајќи по своите надлежности кои се однесуваат на истраги за сексуална злоупотреба на деца преку интернет, користејќи официјален пристап до базата на сервисот (Child Online Protection Service) – ICACCOPS (Internet Crimes Against Children Child Online Protection Service), вршејќи редовно набљудување на базата и нејзините корисници регистрира сомнителна активност од корисници со македонски ИП адреси.

– Со оглед дека користената база дава можност за преглед на содржината на електронските материјали (слики, видео и сл.) кои се разменуваат од страна на корисниците во истата, беше направена проверка на фајловите кои се прегледувани од страна на корисниците со споменатите македонски ИП адреси.Притоа констатирано е дека од страна на корисник преземен е електронски материјал (фајл), како и други фотографии кои претставуваат компромитирачки материјал каде е прикажана сексуална злоупотреба на малолетно лице, се појаснува во соопштението.

Со наредба издадена од Јавен Обвинител при ОЈО – Скопје, побарано е од интернет провајдерот доставување на комплетни податоци за корисникот на ИП адресата и по претходно обезбедена судска наредба за претрес на дом издадена од судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кај сега веќе пријавениот. При претресот е пронајдена компјутерската опрема за која постојат основи на сомнение дека преку истата е извршено кривично дело, а се запленети и огромен број на слики и видеа во склоп на компјутерската опрема. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе