Кривична за угостителскиот објект каде беше затекнат Мицкоски

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска информира дека на двајцата инспектори кои вчера вршеле надзор во угостителскиот објект каде беше затекнат и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не им било дозволено да направат контрола во внатрешноста на објектот.

Тие, како што појасни Пауновски, биле во рутинска контрола, но кога не им бил дозволен влез внатре во објектот, се посомневале по што викнале уште двајца колеги, а подоцна и раководителот на Одделението во Скопје.

Против угостителскиот објект веќе е поднесена прекршочна постапка за спречување на службени лица да вршат службени дејствија, а денес и поднесена и кривичина пријава  согласно член 205 и 206 од уредбата на Владата.

Нагласи дека не постои селективност во постапувањето и оти она што го интересира Пазарниот инспекторат се правните лица, а не и физичките лица кои се затекнати во објектот.

– Како Инспекторат постапуваме само против правните лица кои не ги почитуват протоколите. Физичките лица ниту не интересираат, ниту ги легитимираме. Единственото нешто што ги интересирало инспекторите е зошто не се отворало, рече Пауновски на денешната прес-конференција во Владата.

Апелираше да се остават инспекторите да ја вршат својата работа и да не се ставаат во политичка конотација.

– Оставете ги инспекторите да ја вршат својата работа. Да не се вплеткуваат во политички игри. Она што некој сака да го стави во контекст на политиката дека како Пазарен инспекторат сме инсталација на власта не е точно. Единствениот во Пазарниот инспекторат кој е инсталиран од власта сум јас. Сите вработени во Инспекторатот се наследени од претходните власти. Затаоа апелирам оставете ги инспекторите да ја вршат работата, истакна Пауновски.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе