Кривични пријави против директорот на „Фени“ и раководството

Адвокатското друштво „Апостолски“, правен застапник на БСГР, малцински акцинер на „Кунико ресурсис“, групацијата во чија сопсвеност е „Фени индустри“, поведе кривични постапки против раководрството на „Фени индустри“.  Раководството се сомничи за злосторничко здружување, злоупотреба на службената должност и овластување, измама, оштетување или привилегирање на доверители, како и други бројни дејствија со кои е нанесена штета на БСГР и на други засегнати страни.

„Почнуваме со кривична постапка против главниот извршен директор на Фени индустри, Јусуф Миракхмедов, кој свесно ја искористил службената положба и овластување за прибавување имотна корист за себе или други лица, измама од големи размери, па на така криминално прибавените средства преку нелегални парични текови им ја прикрил локацијата и движењето, со што направил класичен случај на перење пари. Дополнително, покренуваме постапка како соизвршители, против генералниот извршен директор Јусуф Миракхмедов и сопственикот, претходно менаџерот на  „Нова логистика", Надица Атанасова-Кабранова, за злосторничко здружување, за вршење бројни нелегални трансакции и активности меѓу  „Фени индустри" и „Нова логистика", преку кое е вршено перењето пари, при што „Нова логистика", иако била фирма ќерка на „Фени индустри", на незаконски начин преминала во сопственост на Надица Атанасова- Кабранова. Следствено на тоа, имаме основи на сомневање за помагање, заговарање и овозможување на горенаведените криминални дејствија од страна на Амир Абед, кој фигурира на повеќе нивоа во „Фени индустри", и „Кунико ресорсис“, како и Џереми Неадс, неизвршен член на одборот на директори на „Фени индустри", и други функции на ниво на групацијата. Очекуваме надлежните служби во најкраток можен рок да започнат истражна постапка за овие кривични дела, во интерес на правдата и заштита на правата и интересите на БСГР како малцински акционер, но и на сите други оштетени лица“, соопшти адвокатското друштво „Апостолски“.

За сегашните случувања во „Фени“ и незаконското работење БСГР имале претходни сознанија и сомневања, како на ниво на компанија, така и на ниво на групација. Од „Апостолски“ велат дека сомневањата дополнително се потврдиле со оглед на околностите во кои се наоѓа фабриката со најавениот стечај поради несервисирање на долговите, и генериран долг над 60 милиони УСД. БСГР како засеганата и оштетена страна веќе има покренато постапки против различни бордови и раководства на групацијата „Кунико“ во различни судови.

Од вчера во Централниот регистар сменето е раководтството на фабриката. За извршен директор со неограничени овластувања е поставен Рајчо Кацаров, извршен директор на бугарски „Енекод“, фирма која имаше неуспешни преговори со банките за купување на фабриката, а тргнато е името на Јусуф Миракхмедов, кој беше главен извршен директор.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more

Доларот зајакна петта недела по ред

Read more
 

Вести

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе