Кривични пријави против седум лица за случајот во Шутка

Скопје, 31 јануари 2019 (МИА) – Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против седум лица инволвирани во случајот во Шуто Оризари каде беа нападнати три лица од кои двајца полицајци.

Поднесени се две кривични пријави и тоа едната до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје против  Ѓ. Д. (44),  Е.З.  (31),  У. Ќ (30), С. Ј. (40) и А. И. (25), сите од Скопје, и втората до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење норганизиран криминал и корупција против Е. З. (41) и А.З.(41) вработени во МВР, кои не биле на работа, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски денеска на прес-конференција појасни дека Е.З., У.Ќ., С.Ј., Ѓ.Д. и А.И. додека биле заедно со Е.З. и А.З. и други непознати лица на 28 јануари околу 19 часот во Шуто Оризари извршиле кривично дело врз Б.К., Ф.К. и  А.Р.

– Откако од страна на повеќе лица кои биле во толпата, било запрено возило „хундаи галопер“, во кое се превезувале К. Б. како возач,  А.Р. како совозач и Ф.К., настанала расправија, бидејќи пријавените се сомневале дека оштетените наводно грабнале дете во населбата Шуто Оризари, иако ниту едно семејство на територијата на Скопје нема пријавено таков случај. Оштетените биле извлечени од возилото и физички биле нападнати од пријавените, иако А.Р. се легитимирал со службена легитимација и кажал дека е вработен во МВР, истакна Ангеловски.

Осомничените потоа избегале, а повредените се пренесени во болница. За случајот беше известен и јавен обвинител.

– Обезбедени се видео записи, извршено е соочување и извршени службени разговори со повеќе лица. За Е.З. и А.З. поведена е постапка за дисциплинска одговорност и времено им е прекинат работниот однос, информира Ангеловски на прес-конференција. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе