Кривични пријави за 34 физички и три правни лица, доколку постојат докази, истрагата ќе се шири

МВР во соработка со ОЈО Кочани ја завршила првата фаза од постапувањето во кривично-правниот настан, истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по трагедијата во Кочани.

Поднесени се, нагласи тој, две кривични пријави против вкупно 34 лица и три правни лица.

„Поднесени се две кривични пријави против вкупно 34 физички лица и три правни лица за кривично дело тешки дела против општата сигурност по член 292 во врска со предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ, при што едно лице е пријавено и за примање поткуп по член 357 од КЗ“, рече Тошковски.

Оваа трагедија повика на целосна мобилизација на сите институции, оцени Тошковски.

„МВР веднаш ги активира сите капацитети. Од обезбедување на местото на трагедијата, евакуација и извлекување на повредените, регулација на сообраќајот, сѐ до логистичка поддршка за нивниот транспорт и лекување како во земјата така и во странство. Над 250 лица бргу и безбедно беа транспортирани до болниците во државата, а над 100 лица до граничните премини. Веднаш беа изработени итни патни документи како за повредените така и за нивните најблиски што патуваа со нив. Во исто време полициските структури останаа посветени на истражните дејства и на расветлување на случајот дејствувајќи со емпатија, дисциплина и професионалност“, нагласи министерот.

Во врска со тоа дали истрагата може да се шири на повеќе лица, Тошковски одговори дека апсолутно ќе се шири бројката доколку има докази и за други инволвирани лица.

„Македонија мора да победи во битката со системската корупција, која одзеде 59 млади животи. Знам дека досегашните искуства на нашиот народ за вакви предмети беа болни и разочарувачки и оттука ги оправдувам загриженоста и сомнежот дека и сега е можно тоа да биде така. Но, нагласувам дека таа загриженост сега е непотребна и докажуваме преку нашите постапки дека има разлика. Работиме со обемен материјал, под огромен притисок, но не смееме да брзаме затоа што половична правда е, всушност, неправда“.

Тој не се согласува со информацијата дека актуелни вработени во МВР на одредени позиции или во другите институции не се дел од истрагата или дека нема осомничени.

„Нема овде наши или ваши. Има луѓе што се одговорни и луѓе што не се одговорни, но мораме да почитуваме процес на правда и мораме темелно да ја работиме истрагата како што ѝ прилега на една држава која треба да одговори соодветно“.

реклама

Колку пати неделно треба да имате секс за да спречите депресија?

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата Франциск цело време одбиваше да ја посети Шпанија?

Read more

Македонија

Осомничени уште 3 лица во предметот Адитив, меѓу нив и претседателката на Антикорупциска

Read more

Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минималната плата, Владата ќе го прифати договореното

Read more

Мицкоски: Мерките дадоа резултат, цените на храната се намалија дури и според кошничката од синдикатот

Read more

Таравари го поддржа апсењето лекари: Сите што грешат нека одговараат

Read more
 

Вести

Осомничени уште 3 лица во предметот Адитив, меѓу нив и претседателката на Антикорупциска

Читај повеќе

Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минималната плата, Владата ќе го прифати договореното

Читај повеќе

Макрон: Зеленски не може да се согласи на примирје додека ракети паѓаат врз Киев

Читај повеќе

Мицкоски: Мерките дадоа резултат, цените на храната се намалија дури и според кошничката од синдикатот

Читај повеќе

Таравари го поддржа апсењето лекари: Сите што грешат нека одговараат

Читај повеќе

Премиера на претставата за деца Жива досада на 8 мај во МНТ

Читај повеќе

Трамп за жестокиот напад на Киев: Владимире, престани!

Читај повеќе

Кина контра САД: Не сме одржале преговори за царините

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Зошто папата Франциск цело време одбиваше да ја посети Шпанија?

Читај повеќе