Кривични пријави за девет лица за насилствата во Собранието

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривични пријави против девет лица за инцидентите во Собранието од 27 април.

Кривичните пријави се за сторено насилство кон луѓе и оштетување на имот, а направени се три кривични дела: „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, потоа „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, предвидени и казниви по член 384, 383 и 385 од КЗ.

Кривично пријавени се: З.Т. (51), Г.Ц. (49), В.П. (21) тројцата од Скопје и Д.М. (29) и В.М. (46) двајцата од Кочани заради сомнение за сторено кривично дело – „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. Потоа, Н.П. (38) и П.М. (22) од Скопје и С.П. (21) од Кичево заради сомнение за сторено кривично дело – „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“; и против А.М. (22) од Скопје којшто се сомничи за сторени три кривични дела – „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Пријавените на 27 април учествувале во инцидентите и откако го пробиле кордонот од полицијата, влегле внатре каде што оштетиле имот во ходникот на Собранието, а потоа физички нападнале тројца полициски службениците од внатрешното обезбедување, по што се упатиле кон салата бр. 3, односно прес-центарот каде што физичките ги нападнале пратениците на парламентарното мнозинство.

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните случени на 27 април во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more
 

Вести

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе