Жители на беровско Русиново добија кривични пријави за кражба на дрва со што нанеле материјална штета од 676.520 денари на Буџетот на Македонски шуми.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Б.(41), М.Б.(20), И.П.(32), Д.Ч.(22), З.Б.(42) и В.Б.(52), сите од село Русиново, Беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на дрва.
На 19.02.2019 година во атар на село Русиново, на место викано „Робан“, од парцела сопственост на РСМ, пријавените извршиле бесправна сеча на борови стебла, со што нанеле материјална штета од 676.520 денари на Буџетот на ЈП Македонски шуми.