Кривични пријави за лажни дозволи за движење во полициски час

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи – Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Р.Р.(38) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување исправа“ во врска со кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“ и против А.Р.(43) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

Како што соопшти денеска МВР, Р.Р. во својство на сопственик на правно лице, во кое управител бил второпријавениот, А.Р., во период на постоење на вонредна состојба и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на нашата држава, си издал дозвола за движење во период од 16.00 до 21.00 часот и покрај тоа што немал регистрирано сменска и ноќна работа.

Притоа, тој во два наврати бил сопрен и контролиран од страна на полициски службеници и на увид ја приложувал лажно изработената дозвола.

Секторот за внатрешни работи – Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Е.С.(18), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот, како што соопшти МВР, на 21 април 2020 во 23:00 часот, во време на забрана за движење, како возач на патничко возило бил запрен од полициски службеници, при што на увид приложил дозвола за движење од 10:00 до 22:00 часот, која немала важност во време кога пријавениот бил сопрен и контролиран.

Секторот за внатрешни работи-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против А.К.(40) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време наепидемија“.

Како што информира МВР, пријавениот А.К., во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење на вонредна состојба и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, си издал дозвола за движење во периодот од 14:00 до 19:30 часот и покрај тоа што немал регистрирано сменска и ноќна работа.

Притоа, тој на 22 април 2020 година бил сопрен и контролиран од страна на полициски службеници и на увид ја приложил таа дозвола.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе