Хроника

Кривични пријави за седум лица во врска со фалсификување исправи

20. ноември 2018 - 15:24 | МИА

СВР Велес поднесе кривични пријави против седум лица во врска со фалсификувани исправи.

Против З.Ј.(49) од Велес е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита исправа“, против Љ.Т.(56) од Скопје и Б.Н.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, И.Т.(50) од Штип, М.Т.(53) од Скопје, Н.П.(38) од Скопје, А.О.(36) од Скопје и З.И.(53) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

На 13.09.2016 година во Биро за метрологија при Министерство за економија, прво, второ и третопријавениот на име на третопријавениот поднеле барање за регистрација за увезено товарно возило од Германија во кое приложиле копија од германски купопродажен договор со невистинита содржина.

Договорот бил заверен кај нотар од второпријавениот, а како странки се јавуваат лице од Германија, како продавач и третопријавениот како купувач на возилото.

Истиот ден четврто, петто, шесто и седмопријавениот, како вработени во Биро за метрологија изготвиле и испратиле потврда за отворање постапка за регистрација.

На 06.10.2016 година осмопријавениот – вработен во Одделение за управни работи Велес без да изврши проверка во документите ја одобрил регистрацијата на возилото, иако согласно член 24 од Законот за Возила на Република Македонија правно лице не може да има статус на повратник и во Република Македонија да увезе половно моторно возило кое не ги исполнува основните ЕУРО 4 стандарди за регистрација на возило прв пат.

Коментирај