Кривични пријави за сопственици на 4 угостителски објекти во Скопје, работеле по дозволеното време

Полициски службеници од СВР Скопје заедно со Државниот пазарен инспекторат вчера, од 16:00 до 23:00 часот, на подрачјето на СВР Скопје вршеа контроли за почитување на мерките од Законот за заштита на население од заразни болести и новите одлуки за промени на работното време на угостителските објекти.

Како што соопшти денеска МВР, контролирани се 285 објекти и констатирани се 4 непочитувања на работното време: едно во Аеродром, едно во Гази Баба и две во Сарај. Согласно последната одлука, работното време на угостителските објекти се ограничува на 18:00 часот, за што ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави за сопствениците на објектите, а од страна на ДПИ изречена е забрана за работа.

Во угостителскиот објект на улица „Перо Наков“ во Скопје во 18.40 часот е констатирано дека работи и во него има гости. Сопственичката В.Н. е лишена од слобода и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок

Во објект на булеварот „Трета македонска бригада“ во 20:30 часот се затекнати гости, а одговорното лице Д.Ј., кое е затекнато во објектот е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Непочитување на работното време и присуство на гости е констатирано и во чајџилница во село Копаница и кафе-бар во село Чајлане и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Хроника

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе