Полициската станица Свети Николе и Секторот за внатрешни работи Тетово поднесоа кривични пријави против двајца мажи за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори“.
Имено, 57-годишниот Љ.А од Свети Николе, во атарот на селото Сопот одгледувал растенија „канабис сатива“, истите ги бeрeл, исушил и заради продажба, во куќа во село Сопот во негова сопственост, држел 42,4 грама марихуана, која при извршен претрес била пронајдена и запленета.
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(22). При претрес во неговиот дом, во машина за садови биле пронајдени и одземени 870 грама марихуана.