Кривични за двајца Италијанци и кичевка поради кражби од банкомати

Кичевка и двајца Италијанци краделе од банкомати при што се стекнале со противправна имотна корист од 98.562 денари, 1.852.393 денари.

ПС Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (33) од с.Србјани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. Во периодот од 20.04.2016 година до 22.08.2016 година пријавената во повеќе наврати противправно одзела платежна картичка од З.А., со која живеат во иста куќа во заедница, и неовластено ја користела, при што од банкомат, експозитура и од други ПОС терминали направила трансфер на денари со што се стекнала со противправна имотна корист од 50.062 денари. Потоа, во периодот од 17.11.2016 година до 19.01.2017 година, пријавената повторно противправно ја одзела платежната картичка од З.А. и во девет наврати неовластено извршила трансфер на 48.500 денари. Со извршување на ова кривично дело пријавената се стекнала со противправна имотна корист од 98.562 денари.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.М. (46) и М.Б. (45), двајцата од Република Италија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изработка и употреба на лажна платежна картичка”. Пријавените, преку адвокат–полномошник, отвориле две фирми во с.Лабуништа, струшко, а на име на фирмите отвориле банкарски сметки во Охридска Банка-експозитура Струга и поднеле барање за инсталација на ПОС терминали на име на фирмите. По отворање на банкарските сметки и добивање на ПОС терминалите, било поднесено дополнително барање до банката со потпис и печат од фирмите за дополнителна функционалност на ПОС терминалите, односно истите да поседуваат можност за извршување обична трансакција без физичко присуство на платежна картица. Откако ги добиле ПОС терминалите со наведената функционалност, истите внеле рачно на ПОС терминалите претходно прибавени броеви од платежни картички со туѓи податоци, при што се стекнале со противправна имотна корист од 1.852.393 денари, а на штета на АД „Охридска Банка“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе