Кривични за претседателот и членовите на Регулаторна комисија за енергетика

Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири лица П.Д. (49) од Кратово во својство на Претседател на Регулаторната комисија за енергетика на Македонијаи членовите С.Ј. (59) и Е.М.В. (49) од Скопје како и В.К. (62) од Битола.

Тие се товарат дека ја злоупотребиле службената положба и овластување со што го оштетиле буџетот на Македонија за износ од 8.056.293 денари.

Имено, пријавените во текот на 2012 година ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и постапиле спротивно од Правилникот за плати, надоместоци на плати и други материјални права на вработените во Регулаторната комисија за енергетика и истите донеле Одлука за исплата на работна успешност за 2012 година со која се одобрува исплата на плата на сите вработени во износ од 100 отсто од нивната плата и при тоа на сите вработени биле исплатени плати во вкупен износ од 1.351.822 денари, иако во правилникот за плати на РКЕ работната успешност на секој вработен се пресметува најмногу во износ зголемен или намален за 10 отсто од основната плата.

Исто така, од страна на пријавениот П.Д. во период од 2009 до 2013 година спротивно на Законот за јавни набавки во постапката за привремени вработувања не е спроведена постапка за јавна набавка за услуги туку биле склучени директни договори за привремено вработување помеѓу Регулаторната комисија за енергетика и Агенцијата за привремени вработувања, при што неосновано биле исплатени 2.304.136 денари за исплата на плати и други надоместоци за две лица иако истите се вклучени и планирани во годишниот план за јавни набавки.

Во периодот од 2010 до 2012 година од страна на пријавените биле ангажирани лица од вработените во Регулаторната комисија во својство на експерти за изработка на стручни анализи, без спроведување на јавна набавка, за чија работа првопријавениот склучува договор за авторски дела со ангажираните лица, застапувани од Авторското правно биро и со одлуки донесени од него и од пријавените на ангажираните лица им бил исплатен надоместок за авторско дело иако според законот за авторско права и сродни права овие дела би можеле да бидат само авторски дела од работен однос и исплатата на паричните средства за ваквите трудови да биде како исплата за авторско дело од работен однос, а не истите да се исплаќаат преку Авторска агенција како авторско дело од договор за нарачка со што е извршена ненаменска и незаконска исплата на средства во износ од 4.400.335 денари за авторски дела на 14 вработени во Регулаторната комисија за енергетика.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе