Кризниот штаб разјасни што сѐ ќе биде затворено во Србија до понеделник

По повеќедневни апели на медиционскиот дел на Кризниот штаб за заострување на мерките поради влошената состојба со коронавурусот, која со денови изнесува во просек по 4.500 новозаболени, денес владата одлучи - од вечерва во 20 часот до понеделник Србија да се затвори.

– Од вечер до понеделник се ќе биде затворено. Нема да воведеме полициски час, нема да има забрана на движење, ќе работат прехранбените продавници, аптеките, бензинските пумпи, сè она што е потребно за нормален живот, мора додатно да го успориме животот, за да видиме броевите на новозаразените да стагнираат, изјави премиерката Ана Брнабиќ.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Кризниот штаб појасни дека во Србија од вечерва ќе се затворат сите угостителски овјекти, трговските центри, сите продавници-освен прехранбените продавници, кината, музеите, галериите, козметичките и фризерските салони, коцкарниците, базените, детските игротеки, фитнес центрите, теретаните.

Со работа ќе продолжат да работат државните институции, банките, менувачниците, поштите, како и претпријатијата и фабриките и хотелските објекти-само за пријавените гости.

Кризниот штаб побара строгите мерки да бидат најмалку 14 дена, а според Брнабиќ постигнато е компромисно решение, со што е направен баланс помеѓу заштитата на здравствениот систем кој е пред колапс, работните места и менталното здравје на нацијата.

Таа додаде дека ќе се работи на понатамошно зголемување на капацитетот за тестирање, вклучително и тестирање на граничните премини и упати апел за забрзување на вакцинирањето, во што Србија е прва во Европа според бројот на ревакцинирани лица.

До денес вакцинирани се 2.040.313 лица, а ревакцинирани 791.269 граѓани, а Србија ќе продолжи со вакцинирањето и со AstraZeneca.

Епидемиологот Предраг Кон по седницата на Кризниот штаб изјави дека донесените мерки претставуваат компромисно решение и да медицинскиот дел смета дека тие не се доволни.

– Бидејќи, по пет дена, сè уште нема да видиме никакви ефекти од овие мерки, објасни Кон и оцени дека одлуката на Кризниот штаб не ги задоволува ниту оние кои повеќе размислуваат за економијата.

Според него, казните за прекршителите на мерките ќе мора да бидат „посериозни“.

– Меѓу другото, постои идеја сите што се на нелегалните собири, забави….да бидат тестирани и да после тоа, кој е позитивен, да биде јасно казнет. Имаше и размислувања за социјално корисна работа, има многу работа во ковид болниците за која не е потребно медицинско знаење. Не очекувам тоа да се спроведе, но само во смисла на одвраќање, затоа што ова мораме да го запреме, кажа Кон.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе