Крмов: Лошо почна Собранието, Левица е четврта сила во Парламентот, а веќе е оштетена

„Левица како партија е четврта политичка сила во Собранието, по ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, но веќе во старт ова собраниско мнозинство ја оштети нашата партија со неизбор на наш член во Верификациската собраниска комисија“, рече од собраниската говорница пратеникот Борислав Крмов, како единствен пратеник што побара збор пред паузата.

„Според член 12 став 2, Верификациската комисија се состои од претседател и четворица пратеници кои припаѓаат на различни партии. Ние тука имаме предлог за двајца членови од иста партија. На координацијата на која присуствував беше толкувано дека идната власт морало да има мнозинство, а не морало, можело членот да се смени. Зборот 'различно' во член 20 за Комисијата за избори и именувања, се однесува на соодветна застапеност на пратениците од политичките партии, ама вие тој го толкувате како исти. Фактички, Левица ја оштетивте за еден член на оваа комисија, затоа што Левица е четврта партија во ова Собрание: прва е ВМРО-ДПМНЕ, потоа е СДСМ, па ДУИ и Левица како четврта сила со шест пратеници. Петта е ЗНАМ со шест пратеници, но Левица има поголем број гласови на изборите, а потоа следува Беса со пет пратеници. Значи, еден член требаше да има Левица. Во старт почнавте со лоши практики“, рече Крмов.

Претседавачката со седницата на тоа одговори дека за ова прашање е одлучувано на координација, на која присуствуваа претставници на сите партии и дека така е утврдена листата на членови на Комисијата.

При гласањето само шест пратеници беа против изборот на Верификациската комисија, сите шест од партијата Левица.

За претседателка на комисијата е избрана Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, а за членови: Благица Ласовска, Даниела Николова, Диана Тоска и Беким Сали.

Собранието во овој момент е на пауза поради работата на Верификациската комисија.

Remote video URL
реклама

СМС пораката која стигна до граѓаните е тест за масовно известување во кризни состојби

Read more

Како никогаш не треба да чистите паркет и ламинат во домот

Read more

Словенците развија мотор што го претвора секој автомобил во ѕвер

Read more

Мистеријата на снимката од падот на индискиот Boeing во кој загинаа 260 луѓе

Read more

Македонија

ФЗО ќе покрива шест бесплатни обиди за вештачко оплодување

Read more

Aрсовска нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: Побарала лекарска помош

Read more

Демократски сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот Рајх

Read more

Клиника Жан Митрев повторно ја претставува Македонија на меѓународната сцена во Walking Football

Read more
 

Вести

Мистеријата на снимката од падот на индискиот Boeing во кој загинаа 260 луѓе

Читај повеќе

ФЗО ќе покрива шест бесплатни обиди за вештачко оплодување

Читај повеќе

Синот на Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна

Читај повеќе

Путин жестоко нападна во близина на границата со ЕУ

Читај повеќе

Nvidia вреди повеќе од Mercedes, Siemens, Deutsche Telekom и Volkswagen заедно

Читај повеќе

Абориџинските петроглифи се вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО

Читај повеќе

Лавров пристигна во Северна Кореја

Читај повеќе

Воениот злосторник Шешељ ја промовираше книгата „Немаше геноцид во Сребреница“ во Белград

Читај повеќе

Aрсовска нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: Побарала лекарска помош

Читај повеќе