Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, откри дека денеска во Собранието имало обид да се гласа без потребното мнозинство од 61 пратеник во собраниската сала.

„Спротивно на Уставот, под водство на силеџијата Талат Џафери, Собранието гласаше со само 60 пратеници присутни во салата!
Суптилно се вршеше притисок на службата да не ја спуштат бројката под 61. Седницата мораше да биде прекината“, напиша Крмов на Facebook.
Додаде и дека некој нареден ден за ваквото кршење на Уставот можеби треба да се врати со иста мера.
„Насилници! Утре треба Влада да ви избереме со 60 пратеници и на клоци да ве исфрлиме!“, се закани пратеникот од редовите на Левица.
Расправата беше за избор на нови уставни судии што резултираше со жолчна расправа помеѓу власта и позицијата.