Крос емотивно се збогува со Реал: Бев силен, но едно ме дотолчи

Тони Крос го одигра својот последен натпревар во клупската кариера.

Германската икона на Реал Мадрид доби овации од Сантјаго Бернабеу во емотивната вечер од последното коло во шпанскиот шампионат.

На тој натпревар Реал одигра 0:0 против Бетис.

Брилијантниот играч за врска мина низ барикадата што ја направија соиграчите пред почетокот на мечот, ја погледна кореографијата што ја подготвија навивачите за негово збогување, ја одигра 86. минута, му ја предаде капитенската лента на Лука Модриќ и се упати кон клупата за резерви.

Ќе биде забележано дека од 2014 година до вчера одигра 464 натпревари за Реал, постигна 28 и асистираше 98 гола, а со клубот освои 21 трофеј. Сето тоа го понесе Крос на вчерашниот натпревар кој го заврши со овации од трибините и аплаузи од соиграчите.

Marca: Збогувањето е исто толку прекрасно како и неговата кариера

Самиот по натпреварот призна дека добро се справувал со емоциите во тие моменти, а потоа откри што го расплакало.

„Бев прилично силен. Сè додека не ги видов моите деца. Тоа ме дотолчи“, призна инаку „ладниот“ Германец по испраќањето од теренот, за кое Marca пишува дека било најголемо за играч на Реал.

„Беше прекрасно како неговата кариера, возбудливо како неговиот фудбал и огромно како неговата легенда“, напиша Marca и додава Крос добро се снашол со сè, а потоа дојде моментот кој промени сè. Крос го напушташе теренот, а сопругата и децата го чекаа во солзи. Тогаш го видовме Тони каков што не сме го виделе досега“, е вели во текстот, опишувајќи ги прегратките и солзите што следеа.

реклама

Се појави нов сој на коронавирусот

Read more

Илон Маск: Во иднината нема да има телефони

Read more
Брзи и лесни летни рецепти

Готвење за двајца: Брзи и лесни летни рецепти

Read more

Ново правило за користење на плажите во Грција менува сè, казни до 60.000 евра

Read more

Фудбал

Нема спиење за фудбалските фанови од вечерва: Почнува Копа Америка

Read more

Три возбудливи натпревари денеска на ЕУРО: Дерби Шпанија-Италија, Србија на поправен

Read more

Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Read more

Нема лабаво со Гатузо: Жесток уште на првиот тренинг во Хајдук

Read more
 

Спорт

Нема спиење за фудбалските фанови од вечерва: Почнува Копа Америка

Читај повеќе

Три возбудливи натпревари денеска на ЕУРО: Дерби Шпанија-Италија, Србија на поправен

Читај повеќе

Суперѕвездата на Бостон со нов најскап договор во историјата на кошарката

Читај повеќе
  • play_arrow

Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Нема лабаво со Гатузо: Жесток уште на првиот тренинг во Хајдук

Читај повеќе

ЕУРО 2024: Роналдо најмногу промаши, најпрецизни Германците

Читај повеќе
  • play_arrow

Гатузо најавен како мафијашки бос во видеото на Хајдук

Читај повеќе
  • play_arrow

Го забележавте новиот ВАР детаљ на ЕУРО? Преземен е од друг спорт

Читај повеќе

Роналдо го собори сопствениот рекорд на ЕУРО

Читај повеќе