Крос: Меси не ја заслужи Златната топка, од него подобар беше и Роналдо

И германскиот фудбалер застана во низата играчи кои не се согласувата со синоќешната контроверзна одлука Златната топка да му се додели на Лео Меси за година во која имаше најмалку неколкумина кои многу повеќе се истакнаа од него.

Тони Крос зборуваше на својот официјален подкаст каде го коментираше гласањето на France Fotball според кое Меси победи пред Левандовски за 33 гласа.

„Апсолутно е назаслужено. Нема никаква дилема дека Меси, заедно со Кристијано Роналдо, беа најдобрите играчи на последната декада. Но, годинава требаше други да се пред него“, почна тој.

Изненадувачки, Крос вели дека неговиот соиграч Карим Бензема требало да ја добие наградата, не Роберт Левандовски како што мисли најголемиот дел од јавноста и кој, впрочем, заврши втор.

„Според мене, Карим требаше да биде број еден доколку навистина се бараше најдобриот индивидуалец за последнава година, бидејќи одблиску можам да видам каков вонсериски играч е“, рече.

За Крос, и Роналдо постигнал повеќе изминатава година од Меси, иако Португалецот заврши дури шести во гласањето.

„Кога гледам колку решавачки голови постигна Кристијано во последно време - Манчестер Јунајтед само благодарение на него се уште во Лигата на шампионите - тогаш, во моите очи, и Кристијано ќе беше пред Меси“, заврши Крос.

Најголемиот адут на Меси за освојувањето на Златната топка беше освојувањето на Копа Америка со Аргентина, што беше прв трофеј за Меси во националниот дрес.

реклама

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Фудбал

Македонските фудбалери ја победија репрезентацијата на Фарски Острови

Read more

7 фудбалери на кои им паднаа акциите оваа сезона

Read more

Зидан ги кажа двата услова за да се врати во Реал

Read more

Што е потребно за Меси да се врати во Барселона?

Read more
 

Спорт

Македонските фудбалери ја победија репрезентацијата на Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери на кои им паднаа акциите оваа сезона

Читај повеќе

Зидан ги кажа двата услова за да се врати во Реал

Читај повеќе

Што е потребно за Меси да се врати во Барселона?

Читај повеќе

Манчини: Во Серија А има малку Италијанци, ќе продолжам да земам наши од Аргентина

Читај повеќе

Во Челси се лути на Тухел за неговиот прв потег во Баерн

Читај повеќе

Кин во Јуве заработува 3 милиони евра годишно, а татко му е бездомник

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ заработи суспензија во маестрална партија

Читај повеќе

Тотенхем го отпушти Конте

Читај повеќе