Крос: Никогаш не би го направил тоа што го направи Модриќ

Тони Крос (34) во мај го шокираше фудбалскиот свет со објавата дека ќе се пензионира по ЕУРО, бидејќи минатата сезона Германецот беше еден од клучните играчи во походот на Реал за освојување на Ла Лига и Лигата на шампионите со одлични перформанси.

Крос играше како да е десет години помлад и има способност, моќ и квалитет да ги доживее годините на Модриќ (39) на теренот. Сепак, како што рече во најавата за крајот на кариерата, секогаш сакал да замине кога ќе биде на врвот.

Феноменалниот играч за врска, икона на Баерн, Германија и Реал, со Баерн освои три првенства и купови на Германија и една Лига на шампиони, со Германија светска титула, додека во Реал освои четири Ла Лига и Лигата на шампионите. Пред три месеци, во интервју за El Larguero Крос објасни како решил да се пензионира:

„Размислував за тоа со месеци, но потоа минатиот месец почувствував дека ова е толку добра сезона за мене што ќе ми биде тешко да играм подобро следната сезона. Долго време се сомневав дали треба да се пензионирам, но кога решив веќе немаше враќање назад бидејќи ми е тешко да ги менувам одлуките“.

Крос во мај: Модриќ и јас имаме различни ставови за пензионирањето

На прашањето кого гледа како негов наследник, Крос одговори: „Реал отсекогаш бил многу добар во создавањето победнички тимови. Еден ден играат без Крос, следниот без Модриќ. Начинот на кој играа и победија без Роналдо или Рамос. Ќе видите следната сезона, Реал секогаш ќе победува“.

На забелешката дека Модриќ, кој е четири години постар од него, решил да продолжи да игра, Крос вели: „Јас и Лука имаме различни мислења како да се заврши кариерата. Отсекогаш сакав да заминам кога ќе бидам на врвот, со моето тело во одлична состојба затоа што се надевам дека ќе живеам долго по пензионирањето“.

Крос ги откри плановите за пензионирање: „Имам неколку проекти. Во септември отворам академија во Мадрид. Уживам да им помагам на децата да ги остварат своите соништа. Имам страст за работа со деца. Покрај тоа, започнувам натпреварување во Германија слично на Kings League. Мојот план за пензија е да поминувам повеќе време дома со моите деца.

Крос сега: Лука сака да игра до крај. Јас никогаш не би го направил тоа

Легендарниот Германец и сега го начна Модриќ, во интервју за шпанските медиуми: „Лука сака да игра до крај. Јас никогаш не би го направил тоа. Освен тоа, Модриќ прифати нова улога, во која игра помалку. Тоа не би било мојата одлука. Но, тој гледа поинаку на работите, секој има свој начин“.

Крос го спореди Модриќ со Роналдо: „Кристијано и Лука се зависни од успех. Тоа не запира. Тие одлучија против она што го прават 95 отсто од фудбалерите, а тоа е да престанат да играат на својот врв. Наместо тоа, тие избраа да уживаат во фудбалот уште малку , што е исто така добро, ако тие се задоволни со тоа, тогаш одлично.“

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Фудбал

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Read more

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Read more

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Спорт

  • play_arrow

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Читај повеќе

Поранешни НБА играчи сакаат да играат во ВНБА, комесарот реагира итно

Читај повеќе

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Читај повеќе

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Читај повеќе

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Читај повеќе

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе