Свет

Крстарење од пеколот: Цел крузер под карантин поради зараза со норовирус

11. јануари 2019 - 11:22 | А.С.

Крузерот Oasis of the Seas се врати во пристаништето откако најмалку 277 патници беа заразени со норовирус.

Компанијата Royal Caribbean во чија сопственост е бродот за крстарење, прогласи карантин, а владата на Јамајка им забранила на патниците да се симнат во Фолмаут каде била планирана еднодневна екскурзија.

Royal Caribbean првично планирала да се продолжи крстарењето бидејќи симптомите на норовирусот, како дијареа и повраќање, може да се спречат со темелно миење раце и одржување хигиена.

„Немаме причина да веруваме дека болеста ќе влијае врз продолжувањето на патувањето“, стоеше во известувањето до патниците, но еден ден подоцна, седумдневното крстарење било прекинато и потврдено е дека крузерот утре наутро ќе се врати во Кејп Канаверал на Флорида.

Околу 8.000 патници ќе ги добијат назад парите за аранжманот.

Болните патници и членови на екипажот добиваат лекови на бродот и се преземаат мерки за спречување на ширење на вирусот.

„Враќањето во сабота ни дава повеќе време целосно да го исчистиме бродот пред следната пловидба“, беше соопштено од Royal Caribbean.

Следното крстарење со 8.000 патници е планирано за помалку од 24 часа од доаѓањето на крузерот во пристаништето.

Коментирај