Крв и пот во фабриката на Иванка Трамп во Кина

Работниците во кинеската фабрика за чевли, сопственост на ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, раскажале за страдањата и за злоупотребите со кои се соочуваат таму, за новинската агенција Associated Press. Тие тврдат дека се жртви на телесно и вербално малтретирање и искористување на работното место.

Особено непријатна ситуација се случила минатиот месец кога една од управничките се изнервирала и удрила со потпетица од чевел еден од работниците, при што му направила дупка на главата.

„Насекаде имаше крв. Поминуваше покрај мене на пат до фабричката клиника. Крвавеше од раната на средина на главата”, рекол еден од работниците.

Сведоци, како примери на злоупотреби, ги навеле преоптовареноста од работа, која траела до доцна во ноќта, ниски плати, жестоко вербално малтретирање па дури и измачувањето на работниците.

Минатиот месец тројца истражувачи од фабриката „Huajian Group“ се уапсени и обвинети за нелегално користење тајни уреди за снимање заради кражба на бизнис податоци.

Основачот на организацијата „Чајна лејбор воч“, Ли Оинг, ја опишува фабриката како „една од најлошите што ги видел во речиси две децении истражување на злоупотребите на работно место”.

Неговата организација објави дека некои од вработените заработуваат само долар на час, што е прекршување и на кинеските закони. До неодамна работниците имале право само на еден или два слободни денови во месецот и биле принудувани да потпишат потврди со лажни, зголемени износи на плати. Ако одбивале, им се заканувале со откази.

„Huajian Group“одбила да одговори на прашањата за деталите тврдејќи дека обвинителите се целосно лажни, извадени од контекст или претерани.

Иванка Трамп не го коментирала случајот, а исто така одбила да даде одговори и нејзината портпаролка.

Американскиот Стејт департмент ја посочи во вторникот Кина како една од земјите со најтешки престапи во трговијата со луѓе и со присилно работење.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Бизнис

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Read more

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Read more

Шефот на Boeing поднесе оставка поради безбедносната криза во компанијата

Read more
 

Вести

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе