Хокеарски голман заработи длабока исекотина поради која изгуби многу крв, по што натпреварот беше целосно прекинат.
Немилиот настан се случи во втората третина од натпреварот помеѓу домашниот тим на Нијагара АјсДогс и Лондон Најтс.
При еден напад на „Витезите“ дојде до судир помеѓу залетаниот Хантер Скинер и домашниот голман Такер Тајнен што резултираше со длабока исекотина во левата нога на голманот.
Веднаш почна обилно да крвави, а медицинската екипа на двата клуба заедено десетина минути пробуваше да го запре крварењето пред да биде изнесен од мразот и хоспитализиран во болница.
Натпреварот беше веднаш прекинат, а локвата крв на мразот до неговиот гол остана да сведочи за немилиот настан.
Инаку, тимовите на Нијагара и Лондон настапуваат во Источната конференција на ОХЛ, лига на сојузната држава Онтарио.
Од клубот денеска информираа дека Тајнен бил успешно опериран во болницата Санта Катерина и сега му претстои долг период на рехабилитација.