Дваесет и двегодишен жител на село Луке со нож го прободел и му нанел три убодни рани на 30-годишниот И.П. од село Ранковце.
Причината за ова била кавга околу плаќање на сметката во кафеана во скопската населба Трубарево.
На повредениот му била укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје. Тој бил со тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.