Ксидакис за МИА: Сега е најдобриот момент за решение за името

Атина, 21 април 2018 (МИА) - Се наоѓаме во најдобриот момент од 1995, а еден чесен и функционален договор може само корист да им донесе на народите на двете земји, вели во интервју за МИА, Никос Ксидакис, пратеник и портпарол на пратеничката група на владејачката СИРИЗА.

Како поранешен алтернативен МНР, Ксидакис добро го знае проблемот меѓу двете земји и коментира дека прозорецот на можност за решение и понатаму е отворен и треба да остане така се додека не се постигне заемно прифатлив договор.

Ксидакис вели дека е пооптимист во споредба со она што бил пред 15 или 20 години, а во интервјуто за МИА изразува убеденост дека евентуалниот договор ќе помине во грчкиот Парламент и покрај несогласувањето на коалициониот партнер во Владата, Панос Каменос.

Господине Ксидакис, бевте алтернативен министер за надворешни работи, го знаете добро проблемот меѓу двете земји. Каде се наоѓаме во овој момент? Блиску ли сме до решение?

- Мислам дека сме во најдобрата точка од 1995 кога беше постигната Времената спогодба. И двете држави и двата народи се во позиција меѓусебно да си пристапат со повеќе самодоверба, со повеќе доверба еден во друг за да најдеме решение што ќе биде заемно прифатено и ќе дозволи да напредуваме, да живееме заедно во мир, за развој и на двата народи.

Сметате дека грчките позиции за ерга омнес име и за промена на Уставот, ќе може да ги прифати другата страна? Бидејќи премиерот Заев поинаку го сфаќа значењето на ерга омнес, од она како тоа го толкува грчката страна.

- Не знам како тоа го сфаќа владата на соседот, но знам дека постојат услови, една почетна точка, заедничко договорена од Времената спогодба, а главно постои политичка волја за да одиме напред. Официјалната грчка позиција е таа и на оваа основа досега е направен конструктивен дијалог. Мислам дека имаме уште време пред нас, мислам дека имаме време да видиме.

Според ова што го кажувате, значи дека сметате дека прозорецот на можност за решение, како што велат двете влади, и понатаму е отворен...

- Секако. Отворен е и ќе треба да остане отворен сѐ додека не се најде решение.

За Грците, за грчкото општество, имам впечаток како сега да се појави прашањето со името и сите постојано говорат за тоа. Сметате дека општеството во Грција е подготвено да прифати решение?

- Мислам дека постои поголема политичка зрелост од тешките години 1991-1995 кога се сменија многу работи, кога се сменија границите. Ја имавме страшната војна во Југославија, се појавија нови државни ентитети, тоа беше неочекувано изненадување за народите што живееја многу години по втората војна, без вакви вознемирувања. Беше консолидирана ситуацијата и мислам дека сега, грчкиот народ е посмирен, позрел и може со поголем реализам да ја види актуелната ситуација.

Но, што е со протестите и со одредени истражувања на јавното мислење што покажуваат дека голем број граѓани не се согласуваат...

- И тие имаат некоја важност, но во демократијата, не може да се согласуваат сите, се слушаат и други мислења, многу мислења. Сепак мислам дека се поразлични и аргументите и реторичкиот тон од она што се случуваше во 1992-1993-1994.

Несогласувања постојат и во самата влада. Каменос не се согласува со име со терминот Македонија. Сметате дека решението би поминало во грчкиот Парламент?

- Да, ако е едно фер, урамнотежено, одржливо, функционално решение мислам дека секој пратеник ќе се најде наспроти неговата совест, наспроти одговорноста кон историјата на овој простор и наспроти балканската историја и ќе има многу сериозни можности да помине. Но, да не избрзуваме, бидејќи потребна е уште работа од владите, додека да стигне во Парламентот.

Многумина сметаат дека требаше решение да се постигне уште пред 25 години: Сметате дека еден договорот ќе биде позитивна разврска и за двете земји?

- Мислам дека од една чесен и функционален договор, само корист ќе имаат народите и ова мислам дека и од страна на политичкиот поредок во Скопје и од страна на политичкиот поредок во Атина, ги интересира долгорочниот интерес на народите, мирот, стабилноста и развојот на сите полиња. И на општествено и на економско и на културно поле. Да чекориш заедно кон една подобра иднина за двата народи. Во овој момент сум многу пооптимист од што бев пред 15 или 20 години.

Како алтернативен министер за надворешни работи, Вие работевте, односно под ваша надлежност беше бегалската и мигрантската криза, која во тој период беше од големи и сериозни размери. Како сега ви изгледа ситуацијата? Постои опасност да има реприза на она што се случуваше тогаш?

- Не. Таква експлозија мислам дека нема одново да имаме. Но, останува еден проблем за цела Европа и за земјите, потребно е да се тргне хипкризијата и да е најдат потрајни решенија, започнувајќи од вршење максимален дипломатски и политички притисок за мир на Блискиот Исток.

Од изборите во Грција, во јануари 2015 до август истата година, Ксидакис беше алтернативен министер за култура, а потоа се префрли во грчкото МНР, на позицијата алтернативен министер за надворешни работи каде што остана до ноември 2016. Беше задолжен за европските прашања, но во негова надлежност беше и управувањето со бегалската и мигрантската криза, која во периодот додека беше на функција зема замав и создаде проблеми во регионот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе