Куба во мрак: Милиони граѓани повторно останаа без струја

МАКФАКС
/ 15.03.2025 / 10:42

Националната електрична мрежа на Куба денеска откажа, соопшти тамошното Министерство за енергетика, предизвикувајќи широки прекини на електричната енергија во главниот град Хавана и низ островот.

Претставници на Министерството за енергетика соопштија дека електричната трафостаница во Хавана откажала, при што голем дел од западна Куба, вклучувајќи го и главниот град, останаа без струја.

Светлата беа изгаснати долж целиот брег на Хавана, изјави сведок за Reuters, а само неколку туристички хотели работат на генератори на гориво.

Објавите на социјалните мрежи покажуваат дека голем дел од земјата, дом на десет милиони луѓе, останаа во мрак.

Колапсот на мрежата уследи по серијата големи прекини на електрична енергија кон крајот на минатата година, што го фрли застарениот систем за производство на електрична енергија на Куба во целосен хаос поради недостиг на гориво, природни катастрофи и економска криза, додава Reuters.

Тагови
реклама

Свет

Руски дрон нападна автобус со цивили во Украина, 10 мртви

Read more

Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

Read more

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Маск ја среди администрацијата на Трамп, па ќе се посвети на Tesla

Read more
 

Вести

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците

Читај повеќе

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Читај повеќе

ВЛЕН: Ахмети сака да предизвика политичка криза и предвремени избори

Читај повеќе

Руски дрон нападна автобус со цивили во Украина, 10 мртви

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи?

Читај повеќе

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Читај повеќе

Рекордно ниски цени на горивата во Америка

Читај повеќе

Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

Читај повеќе

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Читај повеќе