По сообраќајна несреќа во Орегон, куче истрчало речиси 4 милји до кампот за да го извести семејството на неговиот сопственик дека му е потребна помош, а властите велат дека Брендон Герет бил спасен поради храброста на животното.
Герет излетал од патот во бездна, а во пикапот биле неговите 4 кучиња, пренесува The Guardian.
Тој ја преживеал несреќата, а едно од неговите кучиња истрчало речиси 6,5 километри низ дивината за да стигне до семејството на неговиот сопственик.
Семејството бргу почнало да го бара Герет и на крајот го забележало неговото возило по што повикале спасувачи.
Со преостанатите три кучиња, кои исто така ја преживеале несреќата, Герет бил пронајден во близина на местото на несреќата по што со хеликоптер бил префрлен на преглед во блиската болница.