Поради необичните експресии на лицето кои ги прави кучето Бејкон, многумина го споредуваат со актери како Семјуел Л. Џексон и Питер Динклиџ.
Кучето Бејкон е мешавина од неколку раси, а поради својот неодолив изглед и смешните гримаси кои ги прави, тој стана едно од омилените кучиња на Instagram, кое го следат повеќе од 20.000 луѓе.
Бејкон природно ги менува изразите на лицето, во зависност од тоа дали е среќен, изненаден, нервозен или поспан.