Вчера во 11:10 часот во Полициската станица Гази Баба, З.С. (61) од Скопје пријавил дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 14:00 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Х. (36) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во Полициската станица Кисела Вода, во 14:50 часот, А.С. (63) од Скопје пријавил дека на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.