Живот

Кучиња вежбаат јога заедно со индиските војници

22. јуни 2019 - 15:05 | А.С.

Вчера беше одбележан Меѓународниот ден на јогата и по тој повод индиската Армија објави фотографија на која војниците вежбаат јога во придружба на група кучиња од специјалните единици.

Вежбањето јога веќе ги надмина границите на тренд и оваа вештина од Истокот се практикува ширум светот, како начин за одржување на душевниот мир и физичката подготвеност на телото.

Сѐ почесто на социјалните мрежи може да видиме видеа и фотографии од луѓе кои покажуваат како вежбаат јога со своите миленици.

Неодамна Силите за гранична безбедност во Гуругран, Индија вежбаа јога со коњи.

Денот на јогата се одбележува на 21 јуни, кога е најдолгиот ден во годината. Оваа година темата е „Јога за срце“.

Коментирај