Ќучук: Да се врати довербата меѓу С. Македонија и Бугарија, историјата да се остави на историчарите

Билатералните прашања да се решаваат во билатерален формат, а историјата треба да биде оставена на историчарите. Важен дел од секоја рамка се добрососедските односи. Потребно е да се врати меѓусебната доверба, со цел да изградиме здрави добрососедски односи за идните генерации.

Ова денеска го изјави известувачот во Европскиот парламент за Северна Македонија, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е во посета на земјава, на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Историските прашања треба да се решаваат од компетентни историчари. Разговорите за историјата треба да бидат оставени на професионалци. Политичарите се одговорни да носат политички одлуки, не да ги сокријат под килим, и да речат виновни се историчарите, рече Ќучук, додавајќи оти заедничката Комисија треба да ја продолжи работата и оти мора да се врати меѓусебната доверба, бидејќи, како што посочи, без тоа не можат да се постигнат добри резултати.

Ќучук истакна дека нивната улога како политичари е да не прават ѕидови, туку да ги уриваат, а граѓаните на Северна Македонија и на Бугарија да живеат во попросперитетен свет. Тој додаде дека нема лесен разговор за историјата, оти никогаш немало, но дека разговорите за историјата бараат „поглед, гледање во иднината и за тоа каде сакаме да бидат идните генераци и како да живеат“.

– Стратешки интерес на Северна Македонија е да биде во ЕУ, а исто така и стратешки интерес на Бугарија е Северна Македонија да биде дел од ЕУ, и поради тоа има потреба од разговор, чесност во односите, враќање кон Договорот од 2017, бидејќи без доверба не можат да бидат постигнати добри резултати, потенцира Ќучук.

Во однос на Нацрт-резолуцијата за земјава, што претстои да се усвои од страна на Европарламентот, Ќучук рече дека неговата улога како известувач е објективна и ја отсликува реалната слика за земјава, истакнувајќи дека Северна Македонија има силен ангажман во реформите.

– Достигнувањата како што се членството во НАТО и во ЕУ бараат наднационален консензус и во тоа сите треба да имаат улога – граѓаните повеќе да бараат од политичарите, но и конструктивност од опозицијата. Реформите, што се важен дел од програмата на Владата, треба да продолжат многу интензивно, бидејќи Европската Унија бара длабоки реформи, рече Ќучук.

Тој истакна дека во тешки моменти Северна Македонија подавала рака на ЕУ и обратно – Унијата подавала рака на Северна Македонија, бидејќи, како што оцени, интерес на ЕУ е да биде глобален политички играч, а тоа е можно само со интегрирање на Западниот Балкан во Европската Унија.

Шефот на дипломатијата Османи, од своја страна посочи дека Северна Македонија испорача на сите полиња и заслужува вреднување, а ЕУ треба да ја операционализира одлуката од март минатата година и да ја одржи првата меѓувладина конференција.

– Европскиот парламент да го вреднува нашиот напредок. Сведоци сме на гласната поддршка на Европскиот парламент во сите фази на нашето пристапување во ЕУ и ја цениме Вашата лична заложба што овој важен документ што го изготвувате, ќе ја отсликува реалната слика и ќе претставува важен импулс не само за земјава, туку и за регионот, посочи Османи додавајќи дека земјава не очекува ништо повеќе од она што е реално, од она што е јасно и видливо и веќе неколкупати повторено, а тоа е дека испорача на сите полиња, и заслужува вреднување на остварениот напредок.

Навистина сметам, нагласи Османи, дека е важно европратениците да го вреднуваат нашиот прогрес, нашиот напредок и преку оваа резолуција, иако не е обврзувачки документ, да се претстави јасен израз на европскиот политички дух, објективен суд за европските вредноси како најголем заштитник на европскиот кредибилитет.

– Нам ни е јасно дека тоа не е доволно и ние сме подготвени да работиме и натаму на сите полиња во континуитет да ги отстраниме сите пречки кои стојат пред нас се до полноправното членство во Унијата. Во оваа насока секако го отворивме и прашањето за нашите односи со Република Бугарија, и покрај разочарувањето во земјата, со несмалено темпо се одвива политичкиот дијалог со цел да не дозволиме поширок застој на меѓусебните односи, рече министерот за надворешни работи.  

Се одвива, рече Османи, политички дијалог со Бугарија и затоа да не дозволиме поширок застој во билатералните односи, а во тој контекст при крај и е Акцискиот план.

– При крај сме на финализација на Акцискиот план којшто ќе претставува значаен документ за да ја следиме линиската соработка во сите области и очекувам преку посветена работа и трпеливо да ја вратиме довербата и во политичкиот дијалог, рече министерот за надворешни работи Османи.

Тој се согласува со европратеникот Ќучук дека е потребно поставување на еден, како што рече, фундамент на доверба, основно ниво на доверба, за да се разбере сензитивноста на едната или на другата страна. Преголемите емоции внесени од едната или другата страна, рече, не оставаат простор за решавање на проблемите. Затоа смета дека треба да се врати изгубената доверба меѓу двете земји и, како што рече, тоа може најдобро да се направи ако ја зајакнеме соработката.

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е во дводневна посета на земјава, покрај со министерот за надворешни работи Османи, Ќучук се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, претставници на парламентарните групи и со други државно-политички претставници.

Посетата се реализира во пресрет на гласањето за Нацрт-резолуцијата за Република Северна Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент, што ќе биде и централна тема на сите средби.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе