Шпанската полиција заплени кокаин од офицер на бразилската воена авијација кој требало да го придружува бразилскиот претседател Жаир Болсонаро при заминување на самитот Г-20 во Јапонија.
Мажот бил уапсен завчера во Севилја откако во неговиот куфер биле најдени 39 килограми кокаин.
Претседателот бил во друг авион за време на апсењето на аеродромот каде придружниот авон застанал на пат за Јапонија .
Болсонаро на социјалните мрежи напиша дека од Министерството за одбрана побарал да соработува со шпанските власти и ако се докаже вина, „службеникот да биде процесиран согласно законите“.
Шпанските власти соопштија дека во тек е истрага, а се очекува свој процес да почне и воената полиција.
Бразилските медиуми објавија дека уапсениот офицер досега бил дел од придружбата на претседателот на 29 патувања.