Куќен притвор за Драги Рашковски

Судот му одреди мерка куќен притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Како осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци, попладнево судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд -Скопје по четиричасовниот распит му одреди мерка куќен притвор.

На распит беше спроведен и Даниел Станчевски од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“ од кое Генералниот секретаријат на Владата го купил софтверот за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни, кому судот исто така му определи мерка куќен притвор.

-По произнесување на јавниот обвинител во однос на предлогот со кој бара определување мерка притвор заради постоење на основите од член 165 ст.1.т.1 и 2 односно (т.1) опасност од бегство со оглед да осомничените се имотни и (т.2)влијание на сведоци и попречување на истрагата, како што е наведено во предлогот, како и произнесување на осомничените во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка донесе решенија со кои на осомничените им определи мерка куќен притвор како и
мерка Забрана за комуникација со другите осомничени и  Забрана за користење на средства за комуникација, стои во соопштението од Основнииот кривичен суд Скопје

Во предлогот обвинителот не приложил докази во поткрепа на основите на сомнение заради кои се бара притвор, односно не приложил доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Што се однесува до предлогот на обвинителството за определување мерки за претпазливост за две други лица опфатени со истрагата, истите, согласно Законсктие одредби дополнително ќе бидат повикани да се произнесат по што ќе се одлучува.

Рашковски беше спроведен во Основниот кривичен Суд – Скопје пред судија на претходна постапка, по предлогот на ОЈО кое бараше определување мерка притвор, поради опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за случајот вчера донесе наредба за спроведува истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик.

Според Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка спровел јавни набавки спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени согласно прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства и за три економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и притоа да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Р.С.Македонија во вкупен износ од 11.018.321,00 денари (179 159 евра).

Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка наместо преку Електронскиот систем за јавни набавки, првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот, донел одлука за избор и склучување на договор и исплата на фактурите, иако софтверот не бил имплементиран.

Вистината за случајот со набавката на софтвер за контрола во сообраќајот да се провери преку институциите, побара Драги Рашковски во писмото со кое пред два дена си поднесе неотповиклива оставката од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на Програмата на Владата, порачувајќи дека нема затскривање позади функции.

Премиерот Зоран Заев ја прифати оставката. По оставката на Рашковски, од Владата го повторија ставот дека набавката на софтверот за контрола во сообраќајот е спроведена во целосно транспарентна процедура во целосна согласност со Законот за јавни набавки.

Основното јавно обвинителство за организиран криминал на 18 март отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот, а на 9 месецов беше извршен претрес во просториите на фирмата „Инвока груп“ од која е купен софтверот.

Државната комисија за спречување на корупцијата на 10 минатиот месец отвори предмет за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот којшто го распишал  Драги Рашковски како генерален секретар на Владата, а се проверува и имотната состојба што ја пријавил во анкетниот лист. 

реклама

За да ја задоволи сопругата, Србин направи куќа која се врти

Read more

Нема начин да се спречи удар од голем астероид

Read more

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ раскинаа по 24 години врска

Read more

Жена од Мали роди девет бебиња – пет девојчиња и четири момчиња

Read more

Македонија

Дневен ковид-биланс: позитивни 12,18% од тестираните, 26 починати

Read more

Заев за средбата Пендаровски-Мицкоски: Поборник сум за дијалог, од средбата нема зијан, само добивка

Read more

Без вода дел од корисниците од Општина Центар

Read more

Антикорупциска отвора предмети за „скалите на Шилегов“ и претседателката на Судскиот совет

Read more
 

Вести

Германија ја дозволи вакцината на AstraZeneca за сите возрасти

Читај повеќе

Вработена во општина Гази Баба пријавила обид за напад од колега-советник

Читај повеќе

Објавена новата историска книга од проф. д-р Стефан Влахов - Мицов

Читај повеќе

Дневен ковид-биланс: позитивни 12,18% од тестираните, 26 починати

Читај повеќе
  • filter

Масовен протест во Атина, Ципрас и Варуфакис заедно со демонстрантите

Читај повеќе

„Волшебниот Моцарт“ за старт на серијалот „Мајски концерти“ на Националната опера и балет

Читај повеќе

Како да го забрзате растот на Вашиот мал бизнис со минимален влог?

Читај повеќе

Г7 повика на отпочнување на преговорите за членство Северна Македонија и Албанија во ЕУ

Читај повеќе

Заев за средбата Пендаровски-Мицкоски: Поборник сум за дијалог, од средбата нема зијан, само добивка

Читај повеќе