Архитектура

Куќа од соништата изградена со природни материјали

5. август 2019 - 15:55 | М.С.

Симон Дејл е семеен човек од Велс, западниот дел на Велика Британија. Неговиот интерес за чување на животната средина го навел да го изгради сопствениот дом- еден од најубавите, најтоплите станови што можете да ги замислите.

Сето тоа го чинело само околу 3 илјади фунти, околу 4700 долари. Може ли да си замислите пошармантен влез од овој?

Симон наведува две причини за изградба на куќата. Прво, тој вели дека е забавно и се исплати да го живееме животот на свој начин. Доколку ги следиме нашите соништа, душата ќе ни е полна. Другата причина е неговата молба упатена кон луѓето, во која тој вели дека треба да обврнеме внимание бидејќи залихите се намалуваат, а нашата планета станува еколошка катастрофа. Алатите што ги користел за изградба на оваа куќа биле прилично едноставни. Од модерната технологија користел само моторна пила. Ниту едно дрво не настрадало за потребите на оваа семејство.

Куќата е изградена од дрвја, камен, слама а има и земјен кров. Семејството се грее со помош на камин, а на кровот има соларни плочи. Повеќето од користениот  материјал се веќе употребувани предмети коишто ги рециклирал.

Крајниот резултат е прекрасен, ги надминал сите очекувања. Креативно, уметнички, елегантно и удобно. Всушност, магично.

 

 

Коментирај