Половина година по ЕУРО

Кукуреља призна дека Германците биле оштетени за пенал против Шпанија

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља половина година по Европското првенство во Германија призна дека Германците биле оштетени за пенал во четвртфиналето против Црвената фурија.

Шпанците ги совладаа Германците во четвртфиналето на еврото со резултат 2:1 по продолженијата, а мечот можеше да заврши и со поинаков резултат доколку судијата Ентони Тејлор досудеше пенал за Германија во 106. минута од натпреварот.

Мусијала шутираше, а неговиот удар беше блокиран од играчот на Челси со рака, но судијата Тејлор не покажа на белата точка, иако тоа сега го призна и самиот Кукуреља.

„Да се ​​случеше против нас, сигурно ќе протестирав и ќе кажев дека е пенал, но тоа е фудбалот. Си помислив, зае*и, судијата беше блиску до мене и рече дека не е пенал. Топката на Мусијала удри во мојата рака многу јасно и не може да се негира тоа, но мојата рака беше во сосема нормална положба, не можам да ја отсечам“, рече Кукуреља и потоа продолжи:

„Германците мислат дека се елиминирани поради тоа, но остана уште многу време. Можеме да кажеме и дека Тони Крос требаше да биде исклучен. На крајот секогаш сте несреќни кога губите, но тоа е фудбалот и ништо не можете да направите за тоа“, додаде тој.

Да потсетиме, Крос (34) го фаулираше Педри во четвртата минута од четвртфиналниот меч, а тој за тоа не доби ниту жолт картон, иако играчот на Барселона мораше да биде заменет поради повреда.

Потоа во 106. минута Мусијала го удри Кукуреља во рака, а судијата Тејлор и ВАР технологијата не реагираа за во 119. минута Микел Мерино да ги одведе Шпанците во полуфинале, а подоцна и до титулата Европски шампион.

Како и да е, нема сомнеж дека овој детал ќе го прогонува дефанзивецот на Црвената фурија до крајот на неговата кариера.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Фудбал

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Read more

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more
 

Спорт

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе